Вистински хорор бил затекнат случајно во Света Недела, во Хрватска, кога полиција дошла на имотот на Јосип Ј. (38), кој заедно со неговиот пријател Винко П. (28) биле осомничени поради пуштање во промет на фалсификувани банкноти (евра).
Откако биле приведени поради кривичното дело – плаќање со лажни евра, загребската полиција заминала на имотот на Јосип, да изврши претрес, но ги дочекале ужасни слики.
Како што објави Јутарњи.хр, во шталата за животни бил пронајден маж на возраст од 61 година, оставен без струја и вода, во тешка психо-физичка состојба, држен без основни услови за живот.
-Јосип ја злоуотребил тешката финансиска состојба на жртвата, која барала работа, и му ветил дека ќе му плаќа доколку дојде и работи на неговиот имот. Но, веднаш штом дошол на имотот, човекот бил злоупотребен за тешка физичка работа, а кога барал да биде пуштен да си оди, тоа не му било дозволено. Не ја знаел ниту точната локација на која се наоѓа, а се претпоставува дека бил на имотот повеќе од два месеца, соопштија хрватските медиуми.
Според хрватската полиција, согласно со Националниот план за сузбивање на трговијата со луѓе, на жртвата и била пружена помош и заштита, а Јосип добил пријава за кривичното дело – Трговија со луѓе.
Деск
Previous ArticleПУКАНО КОН ДОМ НА КАВАДАРЧАНЕЦ

