На официјалната страница на Министерството за внатрешни работи, во делот за Потраги, поставени се фотографии од најбараните криминалци кои се во бегство и не одговарале за своите злосторства.
Помеѓу нив се лица осудени за убиство, силување, кражби, како и поранешни функционери кои ја злоупотребиле својата службена положба.
Некои од лицата се во бегство и повеќе од 20 години, а помеѓу нив се наоѓа и најверојатно највозрасниот осуден педофил во земјава, Петар Трајковски.
Трајковски има 79 години и повеќе од десет години не се знае каде се наоѓа, и дали денес воопшто е жив со оглед на неговата возраст.
Инаку, Трајковски бил роден во село Никодин, Прилеп, а живеел во Кочани. Тој е осуден на 15 години затвор, поради полов напад врз дете. Пресудата за кривичното дело му била изречена во Основниот суд Кочани.
Тој е само уште еден од низата сторители на сериозни дела, кој со години се наоѓа надвор од дофатот на правдата и кој успеал да исчезне без трага.
В.К.

