На денешниот протест во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кажа дека поради ниските плати цели семејства се избркани во странство, и порача дека од работодавачите бараат минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6 000 денари.
Протестот се одржа пред седиштето на Стопанската комора, и беше упатена порака до работодавачите да ги прифатат нивните барања и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите.
Исто така, се бараше работодавачите да се откажат од дел од сопствениот профит за да можат да им ги зголемат платите на работниците оти, како што порачаа од протестот, примањата повеќе наликуваат на социјална помош отколку на достоинствена заработка.
Деск
Previous ArticleТРАГЕДИЈА ВО САРАЕВО, ТРАМВАЈ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ!

