Невообичаена кражба се случила во Општина Росоман, а маж на возраст од 33-години бил приведен под сомнение дека украл фотоволтаични панели, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што појаснуваат, вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.Ј.(33) од Росоман. Тој се сомничи дека од нива во село Крушевица, општина Росоман, со подесен алат одзел фотоволтаични панели.
-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. П.Ј. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од секторот.
Деск

