Синоќа во СЦ Јане Сандански, популарната пејачка Сенидах го одржа својот прв солистички концерт во Скопје. Настанот беше масовно посетен, и во публиката имаше обожаватели на регионалната ѕвезда од сите градови кои дојдоа да ги слават празниците на виното и љубовта со хитовите на Сенидах.
Публиката уште од раните вечерни часови се собираше со нетрпение да ја види и слушне пејачката позната по својот длабок глас и уникатен изглед.
Салата пулсираше во ритамот на балканскиот трап и R&B звукот на Сенидах, со моќна сценографија, впечатливи светлосни ефекти и енергичен бенд.
Со овој концерт, Сенидах уште еднаш потврди дека е една од најбараните изведувачки на регионалната музичка сцена, а скопската публика доби вечер за паметење исполнета со енергија, емоции и современ звук.
М.К.

