Легендарната Моника Селеш веќе подолго време страда од сериозни здравствени проблеми. Таа откри дека во 2022 година ѝ била дијагностицирана миастенија гравис, ретка и хронична автоимуна болест која предизвикува мускулна слабост, пишува Еспресо.Рс.
-Моника е легендарна тенисерка која беше на пат да стане најголемата на сите времиња, но инцидентот во Хамбург ѝ ја уништи кариерата (беше прободена со нож во грб среде натпревар). Таа секако достигна големи височини, а сега ја чека нова битка.
Таа првпат ги почувствува симптомите на тенискиот терен. Во почетокот не изгледаше толку сериозно, бидејќи имаше моментна загуба на концентрација, но потоа се покажа дека е сериозен проблем.
– Играв со моите деца или со членови на семејството и едноставно ќе ја промашев топката. Мислев: “Па, гледам две топки”. Очигледно, тоа се симптоми кои не можете да ги игнорирате”, рече Моника Селеш.
Болеста продолжи да напредува, заземајќи сè поголем дел од нејзиниот живот, до тој степен што се чувствуваше уморно дури и додека ја сушеше косата.
“Кога ми ја поставија дијагнозата, помислив: ‘Што?!’. Затоа не можам доволно да нагласам колку посакувам тогаш да имаше некој како мене што ќе зборуваше за ова”, рече Селеш, со цел да ја подигне свеста за оваа ретка болест, пренесе Еспресо.Рс.
Деск
Next Article СКОПЈЕ ГИ СЛАВЕШЕ ЉУБОВТА И ВИНОТО СО СЕНИДАХ

