По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје, соопштуваат од ПР тимот на популарниот пејач.
Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.
-По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема. „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.
На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време.
Ве очекува врвна изведба и звук што не е прилагоден на трендовите туку на моментот, најавија организаторите на настанот.
Влезниците за концертот веќе се веќе достапни во продажба.
Деск
ВЛАДО ГЕОРГИЕВ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: НАЈАВЕН КОНЦЕРТ СО БОЕМСКИ СЕНЗИБИЛИТЕТ И МУЗИЧКА ЕЛЕГАНЦИЈА
1 Min Read
Previous ArticleБИТОЛСКИОТ ДИРИГЕНТ ВЛАДИМИР ДИМОВСКИ ГОСТУВАШЕ ВО НИШ

