Напред Македонија, напред Лука, беше испишано на знамето на Канада, кое вчера се вееше на Олимписките игри во Италија. Станува збор за гест за поддршка на Лука Стоикос (22), кој дебитираше на 25. Зимски олимписки игри во Милано-Кортина како дел од тимот на Канада во боб четворосед. 
Таткото на Лука, Борис, е Македонец, а пак мајка му е од Италија.
Неговите баба и дедо се долгогодишни донатори на македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, а таткото Борис беше и претседател на црковниот одбор, и од црквата објавија пораки со поддршка за младиот Стоикос.
До пред неколку месеци Лука играл фудбал, а потоа го сменил спортот и во ноември минатата година го имал првиот меѓународен настап во боб на натпреварот од Светскиот куп во Лилехамер.
Првиот пласман во топ-10 со канадскиот тим го остварил миантиот декември.
Деск

