Вчера во 11:25 часот, во ОВР Кавадарци, претставник од Македонско еколошко друштво пријавил дека во атар на село Гарниково, кавадаречко, биле пронајдени угинати две птици (мршојадци).
Станува збор на птици, црн и бел мршојадец, кои се заштитен и редок вид, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, а од страна на инспектор за животна средина и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, во присуство на претставници од Македонско еколошко друштво, птиците се подигнати и пренесени за вршење на обдукција на Факултетот за Ветеринарна медицина Скопје.
Пред само неколку дена Македонското еколошко друштво објави дека започнува нов LIFE проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија.
Овие птици на Балканскиот Полуостров најчесто се задржуваат во седум клучни зони заради размножување и одмор при миграциите. Една од нив е Тиквешко-Демиркапискиот Регион, едно од ретките преостанати јадра за гнездење на мршојадците во Македонија.
Деск
БЕЛ И ЦРН МРШОЈАДЕЦ ПРОНАЈДЕНИ УГИНАТИ ВО КАВАДАРЕЧКО, ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ РЕГИОНИ КАДЕ СЕ ГНЕЗДАТ ОВИЕ ЗАШТИТЕНИ ПТИЦИ
1 Min Read

