Возачи од Скопје, Велес, Кавадарци и еден малолетник од Тетово биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка дозвола, при што малолетникот со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници, сооштија од Министерството за внатрешни работи.
Полни раце работа имала полицијата во период 21/22.02.2026, и на целата територија на државата полициски службеници лишиле од слобода 18 лица.
-Возачи од Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Богданци, Охрид и Скопје управувале возило под дејство на алкохол, додека возач од Република Србија управувал возило со брзина поголема од дозволеното, односно управувал возилото со 203 километри на место каде е дозволено 120. Возачи од Гостивар и Скопје управувале возило без возачка дозвола а исто така и важноста на регистрацијата на возилата им била истечена, додека возач од Македонски брод кој управувал без возачка дозвола бил и под дејство на алкохол, велат од МВР.
Додаваат дека лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сообраќајните контроли продолжувале и во наредниот период.
Деск
МАЛОЛЕТНИК БЕЗ ВОЗАЧКА СО ГОЛЕМА БРЗИНА УДРИЛ ВО ЕЛЕКТРИЧЕН ОРМАР НА ЕВН И СЕ ОБИДЕЛ ДА ПРЕГАЗИ ПОЛИЦАЈЦИ!
1 Min Read

