По повеќе од една година, откако на Фејсбук напиша дека не е во бегство, туку во приватна посета на Косово и дека ќе се врати дома, утрово на граничниот премин Блаце е уапсен Артан Груби.
Тој е член на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), поранешен пратеник и вицепремиер во претходната влада на СДСМ и ДУИ, а по него беше распишана меѓународна потренница.
Осомничен е за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија настанот.
-Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, соопштија од МВР.
Груби исто така беше ставен и на „црната листа“ на Стејт департментот, објавена на 9 декември, поради вмешаност во значителна корупција, политичко мешање и обиди за оцрнување на судството.
Од утринава, на социјалните мрежи се актуелни фотографии и видео снимки од неговото приведување.
Деск
ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ОТКАКО НАПИША ДЕКА НЕ Е ВО БЕГСТВО, ТУКУ ВО ПРИВАТНА ПОСЕТА ВО КОСОВО, УТРОВО Е УАПСЕН АРТАН ГРУБИ
1 Min Read

