Млад кавадарчанец остана без своето ауди, кое рано утринава му било привремено одземено од страна на полициските службеници, бидејќи возел под дејство на алкохол и удрил во паркиран голф. За настанот извести Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 23.02.2026 во 00:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.И.(25) од Кавадарци. Претходно, тој на улица „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци, управувајќи патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „голф“, сопственост на Л.И.(20) од Кавадарци.
По преземени мерки било констатирано дека Б.И. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.52 промили алкохол во крвта, велат од полицијата.
Додаваат дека по насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одзeмено и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Деск

