Во рамките на осумдневните карневалски празнувања денеска во Струмица се празнуваше Чист понеделник и прв ден од празникот Тримери кој е поврзан со Струмичкиот карневал.
Оваа традиција како составен дел на карневалските денови, собра поголем број граѓани на ова место на кое се јадеше и делеше бел посен грав откако истиот беше осветен од свештеници на Струмичката епархија.
-Како и на сите настани деновиве, така и денеска, меѓу своите сограѓани беше и градоначалникот Петар Јанков со соработниците и членови на Советот на општина Струмица, кој ја имаше честа прв да вкуси од белиот грав.
Одбележувањето на Чист понеделник беше збогатено со настапот на играорците од КУД „Фолклорна низа“ од Струмица.
Нека ни е за многу години, да си ја чуваме и негуваме оваа наша струмичка убава традиција, порачаа од Општина Струмица.
Деск

