Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од Полициска канцеларија
Градско лишија од слобода 17-годишник од Градско, известуваат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што посочуваат, претходно во Градско, тој не застанал на знак за запирање, продолжил со движење со патничко возило „шкода“ со кавадаречки регистарски ознаки кон село Уланци, општина Градско, при што излетал надвор од коловозот и удрил во бетонски столб.
По преземени мерки било констатирано дека возилото било нерегистрирано, а малолетникот го управувал без положен возачки испит.
-По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено. Известен бил Центар за социјални работи Велес и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од полицијата.
Деск
17-ГОДИШНИК СО ВОЗИЛО САКАЛ ДА ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА И УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ
1 Min Read

