Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.
-Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.
Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај, известуваат од МНР.
Исто така, во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини.
-Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Е-пошта: [email protected]
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Е-пошта: [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected], соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Деск
ЗАТВОРЕН Е ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА ИЗРАЕЛ, МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА НЕ ПАТУВААТ КОН ЗЕМЈИТЕ ОД ТОЈ РЕГИОН
2 Mins Read

