Израел и САД денес (сабота) наутро извршија координиран напад врз Иран, што предизвика низа жестоки реакции.
Најмалку 40 девојчиња загинаа во израелски ракетен напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, во јужната иранска провинција Хормозган, а некои извори известуваат за 60 загинати и речиси 50 повредени, според иранската државна новинска агенција ИРНА.
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека започнале големи борбени операции во Иран и најави целосно уништување на нивната ракетна индустрија. Тој вели дека САД преземаат масовна операција за, како што посочи тој, да спречат оваа радикална диктатура да ја загрози Америка.
Клучни настани:
-Израел го нападна Иран
-Кац: Ова е превентивен удар и отстранување на закана
-Експлозии одекнуваат низ Техеран
-САД исто така се приклучија на нападот
-Иран: Првиот бран ракети и дронови е испратен кон Израел
-Нападнати американски бази
-Ирански власти: Целта на нападот е Хаменеи
-Иран возвраќа со напади врз Бахреин, ОАЕ, Јордан, Катар и Кувајт
Деск
НАЈМАЛКУ 40 ДЕВОЈЧИЊА ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО МИНАБ
1 Min Read

