Млад мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, откако со моторот удрил во куче, соопшти МВР.
-Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Р’жаничино-с.Таор, скопско, Р.И.(29) од с.Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, удрил во куче скитник, по што паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Деск

