Во Неготино се гради првиот приватен индустриски парк, инвестиција на кавадаречката компанија ИГМ – Трејд.
Изградбата е при крај, а босанската компанија ТТ Кабели веќе работи во една од халите на паркот.
Уште пред неколку години, кога започна изградбата на халите, од ИГМ открија дека индустрискиот парк се простира на површина од 312.900 м2.
-Индустриски парк ИГМ е гринфилд инвестиција развиена и финансирана од ИГМ-Трејд Кавадарци, составена од 17 парцели наменети за Г2 – лесна и незагадувачка индустрија и Г4 – магацини.
Вкупната површина на Индустрискиот парк е 312.900 м2.
Објектите се достапни за издавање или продажба на сите инвеститори, беше објавено на страницата на компанијата.
Изградбата на индустрискиот парк претставува значаен чекор кон економски развој и подобрување на квалитетот на живот на локалното население.
Со реализацијата на овој капитален проект, населението очекува отворање на нови работни места, зголемување на инвестициите и поттикнување на локалната економија.
Дополнително, се очекува развој на малите и средни претпријатија кои ќе соработуваат со компаниите во паркот, што ќе поттикне нови деловни иницијативи и претприемништво.
В.К.
НЕГОТИНО ГО ДОБИВА ПРВИОТ ПРИВАТЕН ИНДУСТРИСКИ ПАРК: ГРАЃАНИТЕ ОЧЕКУВААТ ОТВОРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА
1 Min Read

