Претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи.
-Државна и човечка должност е да сме тука и да оддадеме почит на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта во 1943 година.
Застанати над овој амбис на злото, веруваме и ветуваме дека нема да дозволиме историски ревизионизам и фалсификување на вистината за Холокаустот на македонските Евреи, истакна претседателката.
Пред 83 години, 7.144 Евреи од Битола, Штип и Скопје биле депортирани во логорот на смртта „Треблинка“, во окупираната Полска, или 98 проценти од вкупното еврејско население од тоа време во Македонија.
Деск
Previous ArticleПОДГОТВЕН Е НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА СПРАВУВАЊЕ СО МАСОВНИ ЖРТВИ

