49-годишна жена е тешко повредена во сообраќајка која се случила помеѓу нејзиното патничко возило и камион, информираат од полицијата.
-Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 10:15 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, во атар на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа, помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(27) од село Батинци, скопско, и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 49-годишната Д.М. од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.М., констатирани во Општата болница Кавадарци, соопштија од МВР.
Додаваат дека е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Деск
ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ОД КАВАДАРЦИ ВО СООБРАЌАЈКА ПОМЕЃУ ТОВАРНО И ПАТНИЧКО ВОЗИЛО
1 Min Read

