Девојката од Тетово која е хоспитализирана по пад од балкон, била малтертирана од нејзиниот татко, соопшти МВР.
-На 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А., информираат од министерството.
Додаваат дека по насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
ДЕВОЈКАТА КОЈА ПАДНА ОД БАЛКОН БИЛА МАЛТРЕТРАНА ОД ТАТКО И, ТОЈ БИЛ ПОВИКАН НА РАЗГОВОР И ПУШТЕН
1 Min Read
Previous ArticleОТКРИЕН КРИМИНАЛ СО УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА

