Денес во дворот на кочанската Општа болница со проширена дејност, пред влезот на Итната медицинска помош, беше откриена биста на Илчо Гоцевски (41), возачот на итната медицинска помош, кој почина на 16-ти март, по завршување на смената, кога 11 пати носел повредени младинци од Кочани до Штип и Скопје.
По работата, тој заминал дома за да преспие, но не се разбудил. Неговата сопруга го пронашла починат, и тој се смета за 64-та жртва од трагедијата во Кочани.
Според лекарите, Илчо починал од срцев удар, најверојатно поради огромниот физички и емоционален напор и адреналинот под кој работел со часови.
Исто така, за негов спомен, во дворот на Здравствениот дом во Делчево се уредува парк кој ќе го носи неговото име и ќе сведочи и за идните генерации за пожртвуваноста и професионалноста во борбата да се спаси живот повеќе.
На влезот на Итната медицинска помош ќе биде поставена спомен плоча во негова чест.
Деск

