Македонија се простува со Тања Радониќ (54), жената која во далечната 1988 година, заедно со Весна Терзиевска и Зорица Јаковлеска го основаше првиот женски рок бенд во земјава, „Ројал Алберт Хол“.
Потоа во бендот дојде и Бранка Костиќ како вокал, Марина и други рок музичарки.
Ројал Алберт Хол – РАХ, првпат настапуваа на рок фест во Дом на младите во 1989.
Следната година им се приклучува и Бранка Костиќ – вокал. На истата манифестација го освојуваат првото место и 1990 година настапуваат во Суботица. Во 1989 настапуваат на градски стадион на „Рок-хепенинг“ заедно со Филм, ЕКВ, Масимо, Електрични оргазам.
На социјалните мрежи, со емотивни зборови со неа се простија поранешните членки на бендот, како и бројни почитувачи на нејзиното дело.
Деск
Previous ArticleПОЧИНА ЧАК НОРИС, АКТЕРОТ КОЈ БЕШЕ СИМБОЛ НА СИЛА

