Гостите кои дошле на роденденската забава на гибончето Мики во Скопје ЗОО, му ги украдиле подароците. Веста за дрското однесување на дел од посетителите на настанот ја објави зоо негувателот Војо Иванов, и истата наиде на бурни јавни реакции.
-Правевме роденден на мајмунчето Мики, повеќе од пола поклони му ги украдоа гостите – луѓе, на мајмунот, објави тој.
Инаку, Мики како неколкумесечно бебе беше отфрлен од мајката и со сериозни повреди и епилептични напади беше спасен благодарение на 24-часовната грижа на негувателката Зера.
По повод неговиот прв роденден, од зоолошката орагнизираа роденденска забава, со цел да се прослави неговиот животен триумф.
Деск

