Скопјанец ја донира куќата на покојната сопруга и мајка, со цел таа да се користи како безбеден простор за ранливи категории на граѓани.
Суад Мисини од Скопје, активист и борец за човекови права, заедно со неговиот син Исак ја донираат куќата по смртта на нивната сопруга и мајка Азбија Мемедона, со намера истата да стане пристаниште за жртви на семејно насилство, деца без родители и социјално загрозени категории.
Веста за одлуката ја објави Мисини на социјалните мрежи, со апел да добие помош од архитекти, бидејќи му била потребна донација за рехабилитација и адаптација на куќата. Како што истакнува, имињата на сите кои ќе помогнат, ќе биле истакнати на влезот во куќата.
Азбија пак, останува запаметена како голем борец за човекови и детски права, жена со прогресивни идеи за развој на образованието, а почина лани во декември.
Деск
СИНОТ И СОПРУГОТ НА ПОКОЈНАТА АЗБИЈА МЕМЕДОВА ЈА ДОНИРААТ НЕЈЗИНАТА КУЌА, СО ЦЕЛ ДА СЕ КОРИСТИ КАКО БЕЗБЕДЕН ПРОСТОР ЗА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ
1 Min Read

