36-годишен маж од Кавадарци е лишен од слобода, откако во раните утрински часови бил агресивен, се самоповредувал, а им се заканувал и на полициските службеници, соопшти полицијата.
-На 23.03.2026 во 02:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(36) од Кавадарци. Претходно било пријавено дека во домот се однесувал агресивно и се обидел да се повреди со остар предмет, а по пристигнување на полициските службеници тој им се заканувал и си нанел повреди. Притоа, полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух, известија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Додаваат дека известен бил јавен обвинител, а С.М. бил пренесен во Општа болница Кавадарци.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
КАВАДАРЕЧКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ИСПУКАЛЕ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ КУРШУМИ, ОТКАКО МАЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ И СЕ САМОПОВРЕДУВАЛ
1 Min Read

