Фронтменот на Металика, Џејмс Хетфилд, ѝ предложи брак на својата девојка, Адријана Џилет, на многу необичен и романтичен начин – под вода, додека пливаа со китови-ајкули заедно во петок, 13 март.
Во недела, Адријана Гилет сподели фотографија на Инстаграм инспирирана од познатата насловна фотографија на албумот “Nevermind” на Nirvana. На фотографијата таа и нејзиниот вереник, Џејмс Хетфилд, се во опрема за нуркање, додека Хетфилд држи порака на која пишува: “Адријана Џилет. Дали ќе се омажиш за мене?”
“Најубавото роденденско изненадување”, им откри Џилет на своите следбеници. “Пливање со китови-ајкули во петок, 13-ти, и најнеобичното, најспецијалното и најромантичното запросување што една Риба може да го замисли. Во море полно со риби, се најдовме. Благодарам на Бога што нè спои.”
Официјалните профили на Металика на социјалните мрежи исто така споделија фотографија со кратката порака: “Таа рече да”.
Шеесет и двегодишниот Џејмс Хетфилд започна врска со Адријана Џилет, новинарка родена во Лондон која подоцна стана модна дизајнерка, во текот на 2023 година.
Б.Н.
Previous ArticleЕДНО ОД ПЕТ БОЛЕДУВАЊА ВО МВР СО НЕПРАВИЛНОСТИ, НАЈАВЕНО Е ЗАОСТРУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА БОЛЕДУВАЊЕ
Next Article ВИЕНСКИ БАЛ ВО СКОПЈЕ СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ

