Маж од Турција е уапсен, откако доцна синоќа полициски службеници го забележале како со возилото оставил пет мигранти од Египет кај клучката за неготинското село Тремник.
Како што соопштија од полицијата, синоќа во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција.
Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица.
Набргу, возилото е запрено, Б.Е. е лишен од слобода, а по пребарување на теренот биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се пренесени Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија, истакнаа од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
УАПСЕН ТУРЧИН, ПОЛИЦИЈАТА ГО ВИДЕЛА КАКО ОСТАВА МИГРАНТИ ОД ЕГИПЕТ КАЈ НЕГОТИНСКОТО СЕЛО ТРЕМНИК
1 Min Read

