Пари од добротворни прилози биле украдени од каса во џамија во тетовско Слатино, извести МВР.
-Вчера во 15:30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека во периодот од 12:00 до 15.00 часот било влезено во џамијата во село Слатино, тетовско и со употреба на сила и тврд предмет била отворена касата со доброволни прилози и биле одземени пари, соопштија од полицијата.
Додваваат дека увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Деск

