По иницијатива на Министерството за здравство се одржа првиот состанок за воспоставување мултидисциплинарен пристап кон нарушувањата на спиењето, соопштија од МЗ.
Од министерството истакнаа дека се формира тим составен од експерти по пулмологија, неврологија, психијатрија, ендокринологија, кардиологија, оториноларингологија, стоматологија, педијатрија, психологија и анестезиологија, кој ќе работи на рана дијагностика и современ третман на состојби како инсомнија и сонска апнеа.
-Во процесот активно учествуваат и претставници од Институтот за јавно здравје (за креирање, следење и споредување на јавно-здравствени индикатори), Фондот за здравствено осигурување и Управата за електронско здравство (за воведување нови здравствени услуги и тарифни модели), како и вработени од Министерството за здравство за координација на процесот, соопштија од МЗ, и ја објавија следната статистика: Се проценува дека 1 од 3 лица има некакво нарушување на спиењето, додека сонската апнеа често останува недијагностицирана, со значајно влијание врз срцевото здравје, метаболизмот и менталната состојба.
-Оваа иницијатива има силно јавно-здравствено значење – сонот е основа на здравјето, а навремено препознавање и третман на нарушувањата во спиењето се клучни за подобар квалитет на живот на граѓаните, порачаа од министерството.
Деск
СЕКОЕ ТРЕТО ЛИЦЕ ИМА НАРУШУВАЊЕ НА СПИЕЊЕТО, СЕ ФОРМИРА ТИМ ОД ЕКСПЕРТИ КОЈ ЌЕ РАБОТИ НА ТРЕТМАН НА НЕСОНИЦА
1 Min Read

