На 02.04.2026 во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци каде е задржан на лекување, соопштија од полицијата.
-По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.
По насоки од јавен обвинител возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, истакнаа од СВР Велес.
Од сектрот додаваат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
19-ГОДИШНИК ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ КАВАДАРЦИ-РЕСАВА, ВОЗЕЛ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ И БЕЗ ПОЛОЖЕН ИСПИТ
1 Min Read

