-Горд сум на успехот, и искуството ќе го применувам во мојата понатамошна пракса, вели гинекологот Синиша Трпчевски од Битола, кој за период од шест месеци, извршил 100 сложени хируршки интервенции во во областа на гинеколошката онкологија и сенологија во АКН Виена. Со враќањето дома, неговата цел е стекнатото знаење и практики да ги примени во секојдневната работа, со што ќе овозможи поквалитетна и поефикасна здравствена услуга.
-Денес го заокружувам мојот 6-месечен престој во AKH Виена со огромен професионален успех. Со гордост споделувам дека во овој период лично извршив 100 хируршки интервенции во областа на гинеколошката онкологија и сенологија.
Фокусот на мојата работа беа сложени операции на оваријален карцином, роботска хирургија и хирургија на дојка.
Ми беше чест што бев дел од тимот на онколошкиот и сенолошкиот оддел, на чело со врвните Prof. Dr. Concin и Prof. Dr. Singer. Ова искуство и успешно завршените 100 интервенции се потврда за мојата посветеност кон најсовремените хируршки методи кои со задоволство ќе ги применам во мојата понатамошна пракса, соопшти д-р Трпчевски.
Деск
БИТОЛСКИОТ ГИНЕКОЛОГ ТРПЧЕВСКИ ИЗВРШИЛ 100 ОПЕРАЦИИ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО ВИЕНА, ДОМА ЌЕ ГО ПРИМЕНУВА СТЕКНАТОТО ИСКУСТВО И ЗНАЕЊЕ
1 Min Read

