Полициските службеници при ОСОСК и САЕ Тигар на наплатна рампа Стоби, забележале сомнително движење на патничко возило „сеат алтеа” со скопски регистарски ознаки, при што возачот на даден знак да застане со цел да биде легитимиран, со голема брзина се дал во бегство во правец кон Градско. За кратко време полициските службеници го пристигнале и пристапиле кон негово легитимирање и извршиле преглед на наведеното возило, соопшти МВР во врска со случајот со заплената на голема количина марихуана.
Од извршениот преглед на патничкото возило „сеат алтеа” управувано од Ф.Н. пронајдени и одземени се четири црни торби, во кои биле сместени вкупно 65 кеси со растителна материја со вкупна тежина од 65 килограми и два телефонски апарати.
-Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно Јавно Обвинителство Велес, ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.Н.(38) од Скопје и Ј.М.(55) од Кавадарци, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик, известија од министерството.
Деск
КАВАДАРЧАНЕЦ И СКОПЈАНЕЦ СЕ УАПСЕНИ ВО СЛУЧАЈОТ СО ЗАПЛЕНАТА НА 65 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ВО БЛИЗИНА НА ГРАДСКО
1 Min Read

