Има само 17 години, а нејзиното име веќе е добро познато кај нашинците во Австралија и таа полека станува вистински симбол на љубовта кон традицијата и културното наследство. Кајла Коминовска е ќерка на наши иселеници која публиката ја споредува со легендарната Васка Илиева. 
Младата девојка редовно објавува видеа од свои настапи во Австралија, а има гостувано и во земјава. Со гордост ги пее македонските изворни песни, најчесто облечена во традиционална носија, и често објавува фотографии на кои на кои е прикажана како ги почитува старите македонски празнични обичаи.
Во манастирот Свети Прохор Пчињски сними видео запис за песната ,,Личен Илија” за која истакна дека е посветена на селото Сирула, од каде потекнувале нејзините баба и дедо, а лани во ноември им беше гостинка на настапот на Влатко и Златко Миладиноски.
Нејзината приказна е доказ дека љубовта кон татковината не познава граници и дека културното наследство може да се негува и далеку од дома. Таа претставува инспирација за многу млади луѓе од дијаспората, покажувајќи дека идентитетот се чува со срце, посветеност и гордост.
Деск

