Унгарскиот премиер Виктор Орбан доживеа пораз на парламентарните избори во Унгарија и му честитал на победникот, Петер Маѓар, лидер на Тиса.
Орбан порача дека резултатите биле јасни, и му упатил честитка на Маѓар.
-Никогаш не сме работеле толку многу во една кампања. Нашата партија ќе продолжи да и служи на татковината и на унгарскиот народ како опозиција, а времето ќе покаже кое е значењето на овие изборни резултати, истакна Орбан.
Маѓар пак, се заблагодари со кратка поракка на социјалните мрежи. Тој напиша ,,Благодарам Унгарија”, а потоа објави и дека Орбан телефонски му ја честитал победата.
Деск

