Во попладневните часови вчера, околу 16:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле службен разговор со 49-годишен жител на Демир Капија, поради предизвикување пожар на отворен простор.
Според информациите од МВР, лицето на местото викано „Лаките“, во атарот на селото Клисура, запалило остатоци од лозов насад во непосредна близина на шумски предел. Пожарот претставувал потенцијална опасност за ширење, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Неготино, огнот бил навремено локализиран и изгаснат.
Надлежните институции информираат дека по целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. Од полицијата апелираат до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, особено во близина на шумски површини, со цел да се спречат несакани последици и пожари од поголеми размери.
Деск
ДЕМИРКАПИЕЦ ЗАПАЛИЛ ОСТАТОЦИ ОД ЛОЗОВ НАСАД, НЕГОТИНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ МОРАЛЕ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ!
1 Min Read

