Познатата поп-ѕвезда Бритни Спирс повторно се најде во центарот на вниманието, откако извори блиски до нејзиното семејство откриваат дека нејзините синови, Шон Престон и Џејден Џејмс, одиграле значајна улога во нејзината одлука да побара стручна помош.
Според информациите, пејачката доброволно се пријавила во установа за рехабилитација по тежок период исполнет со лични предизвици. Изворите наведуваат дека таа била вознемирена и емотивно потресена, што дополнително ја поттикнало да размисли за своето здравје и иднина.
Иако нејзиниот тим подолго време инсистирал на професионална помош, пресудниот момент се случил кога нејзините синови отворено разговарале со неа. Тие, како што се наведува, биле искрени и директни, со единствена желба нивната мајка да биде здрава и стабилна.
Овој чекор многумина го оценуваат како важен исчекор кон закрепнување на една од најголемите музички ѕвезди на денешницата. Поддршката од семејството, особено од нејзините деца, се покажала како клучен фактор во носењето на оваа значајна одлука.
Б.Н.

