Египетскиот лекар Мохамед Машали, познат како „лекарот на сиромашните“, со децении претставуваше симбол на хуманост и пожртвуваност во медицината, оставајќи зад себе наследство кое ретко се среќава.
Тој живееше скромно и работеше во градот Танта, покрај Нил, каде секојдневно пешачел до својата мала ординација. Повеќе од 50 години лекувал десетици пациенти дневно, најчесто без да наплати или за симболичен износ. За многумина, токму неговата ординација била единствената можност за медицинска помош.
Машали дипломирал медицина во 1967 година со одличен успех, а неговата животна мисија, според сведоштвата, произлегла од лична одлука да им помага на сиромашните, инспирирана од жртвата на неговото семејство за неговото образование. Во текот на кариерата, тој останал доследен на оваа определба, лекувајќи луѓе без разлика на нивната верска или социјална припадност.
Неговата работа често надминуваше рамки на медицинската професија. Освен што пружал здравствена грижа, неретко им помагал на пациентите и финансиски, овозможувајќи им да ги набават потребните лекови.
Тој останува пример за лекар кој професијата ја претвори во животна мисија, а почина во 2020 година на 76-годишна возраст. Не остави материјално богатство, но остави длабока трага преку илјадниците луѓе на кои им помогнал, потсетувајќи дека вистинската вредност се мери преку делата и хуманоста.
Деск

