САД и Исламската Република Иран постигнаа рамковен мировен договор со кој се предвидува прекин на воените операции и постепена нормализација на односите, јавуваат меѓународни медиуми.
Според објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата платформа Truth Social, договорот е „завршен“ и вклучува укинување на поморски ограничувања, како и отворање на стратешкиот Хормушки теснец за слободен меѓународен сообраќај.
-Бродови на светот, стартувајте ги моторите, нека тече нафтата, објави Трамп.
Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, кој учествувал во посредничката улога, соопшти дека страните постигнале договор за прекин на сите воени активности и дека е усогласен текстот на мировниот спогодбен документ, со кој се поставува основа за понатамошни преговори.
Планирано е официјалното потпишување на договорот да се одржи на 19 јуни во Швајцарија, по што би следело постепено спроведување на договорените мерки, вклучувајќи стабилизација на поморските рути и намалување на регионалните тензии.
Деск
ДЕН ПО 80-ТИОТ РОДЕНДЕН ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА ИРАН И САД ПОСТИГНАЛЕ ДОГОВОР: НЕКА ТЕЧЕ НАФТАТА!
1 Min Read

