Голем солистички концерт на Владо Георгиев се одржа синоќа во СЦ Јане Сандански во Скопје, а популарниот пејач успеа да создаде вистинска музичка магија на сцената со својата енергија, харизма и силен вокал.
Концертот во преполната сала помина во одлична атмосфера, а публиката уште од самиот почеток ја следеше секоја негова изведба со внимание и ентузијазам. Посебно се издвои изведбата на „Елено ќерко“, кога присутните пеeја во еден глас заедно со Георгиев, и тој уште еднаш ги освои срцата на македонската публика.
Неколку дена пред настапот во СЦ Јане Сандански во Скопје, Владо Георгиев во разговор за ВИКИМЕДИА истакна дека има посебна почит и љубов кон македонската музика. Тој нагласи дека македонските песни отсекогаш имале важно место во неговиот репертоар и дека со задоволство ги изведува пред публиката.
Како што посочи, песната „Елено ќерко“ за него има посебно значење. Освен што ја смета за една од најубавите песни, таа е и лично блиска до него поради неговата ќерка Елена, што и дава дополнителна тежина во секоја изведба. Токму поради тоа, вети дека ќе се потруди да ја отпее на концертот во Скопје.
Кога синоќа ја запеа песната, која важи за една од најубавите македонски народни песни, предизвика овации кај публиката.
Со овој концерт, Владо Георгиев уште еднаш потврди дека има стабилна и посветена публика во Македонија, која знае да го препознае и награди квалитетниот настап.
Марија Клинчарова

