32-годишната Ивана, мајка на седумгодишно девојче, се соочува со сериозна здравствена состојба откако ѝ е дијагностициран карцином на матката во четврти стадиум, соопшти платформата за донации E-Crowd која ја покрена хуманитарната кампања.
Според информациите објавени од платформата, состојбата на Ивана е тешка, но постојат медицински опции за третман во Турција кои би можеле да ѝ дадат дополнителна шанса за живот. Сепак, како што се наведува, потребните финансиски средства го надминуваат капацитетот на семејството.
Од таму посочуваат дека времето е клучен фактор во лекувањето и дека секое одложување може да ја намали можноста за успешна терапија.
„Ова не е само здравствена борба, туку и борба на една мајка да остане покрај своето дете“, стои во соопштението на платформата, која апелира до граѓаните за помош.
Кампањата повикува на донации во било кој износ, како и на споделување на апелот преку социјалните мрежи со цел да се обезбеди поголема поддршка.
Од платформата нагласуваат дека секоја донација претставува значаен придонес во обидот да се обезбеди лекување, додека секое споделување помага апелот да стигне до поширока јавност.
Кампањата е во тек и може да се донира на следниот линк:
https://ecrowd.mk/projects/fc870e14-c276-435e-80c2-90f263c16573?fbclid=IwY2xjawRY9QlleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEeE1A8k-DlDXYshDl4xDCbKufpnSwLVi2QnPvsgFLhudZGwl0-k0u2V7lCC4w_aem_SK7D8Wip_bt74mczHGcn4g
Деск

