Страотна сообраќајна несреќа ги вознемири жителите на Росоман во раните утрински чаосви.
Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, несреќата се случила во 04.30 часот, кога возило БМВ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишно момче од Росоман, изгубило контрола и удрило првин во бетонски столб, а потоа и во објект на улица ,,Пролетерска”.
Од ударот паднале повеќе столбови и е причинета е огромна материјална штета.
Според првичните информации, во возилото се наоѓале четири момчиња кои се враќале од свадба и поминале со лесни телесни повреди. Две од нив биле задржани на болничко лекување.
Деск

