На денешното рочиште поврзано со трагедијата во дискотеката „Пулс“, одбраната на сопственикот Дејан Јованов – Деко повторно побара укинување на мерката притвор и нејзина замена со куќен притвор. Како аргументи беа наведени влошената здравствена состојба на обвинетиот и ставот дека продолжениот притвор веќе ја губи својата законска функција и добива карактер на предвремена казна.
„Го молам Судот да покаже малку човечност и хуманост, и одлуката да биде донесена непристрасно без притисок на јавноста“, кажа неговата адвокатка.
Судењето помина во тензична атмосфера, при што родителите и блиските на загинатите остро реагираа на барањето на одбраната. Во судницата се слушаа негодувања, а дел од присутните не можеа да ги задржат емоциите, што дополнително ја нагласи тежината на случајот.
Трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 63 младинци и деца, а стотици беа повредени, останува еден од најтешките настани во поновата историја на земјата. Во предметот се опфатени повеќе обвинети лица, а постапката продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.
Судот допрва треба да се произнесе по барањето за укинување на притворот.
Деск
АДВОКАТКАТА НА ДЕКО БАРА СУДОТ ДА ПОКАЖЕЛ ЧОВЕЧНОСТ И ДА ГО ПУШТИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР
1 Min Read

