Општина Кавадарци е добитник на Сертификат за извонредност во рамките на програмата „ЕУ за општините“ (EU4M), поддржана од Европската Унија.
Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека ова признание претставува резултат на континуирана работа, одговорно управување и јасна насока кон развој и напредок на општината.
„Ова признание е доказ дека кога се работи чесно, посветено и во интерес на граѓаните, успесите не изостануваат. Сертификатот е потврда за вложениот труд, успешно поставените цели и заедничката соработка меѓу институциите, партнерите и граѓаните“, истакна Јанчев.
Тој додаде дека општината останува посветена на создавање современо Кавадарци, со европски вредности, нови можности и подобар квалитет на живот за сите граѓани.
Со добивањето на овој сертификат, Кавадарци се позиционира меѓу општините кои успешно ги применуваат европските стандарди во локалното управување и развој.
В.К.

