По тежок инцидент на семејно насилство што ја потресе јавноста, Тарик Трусац (49) кој ја уби својата поранешна сопруга, новинарката Елма Годињак (41) и ја грабна нивната малолетна ќерка, бил пронајден и уапсен во центарот на Сараево, додека бил во угостителски објект и јадел ќебапи.
Според информациите од полицијата, трагедијата се случила на 1 мај во населбата Добриња, каде што осомничениот ја усмртил жената со огнено оружје. Во истиот напад бил ранет и нејзиниот брат, кој се обидел да ја заштити.
По злосторството, тој побегнал од местото заедно со нивната петгодишна ќерка, што веднаш предизвикало широка полициска акција и потрага низ градот.
Неколку часа подоцна, полицијата го лоцирала во центарот на Сараево, на подрачјето на Башчаршија. Таму, според неофицијални информации, бил затекнат во познат угостителски објект додека бил со детето и јадел ќебапи.
Детето е пронајдено живо и без физички повреди и веднаш е предадено на надлежните социјални служби за понатамошна заштита и грижа.
Осомничениот е уапсен и против него се води кривична постапка за тешко убиство и киднапирање на малолетно лице. Истрагата за околностите на случајот е во тек, пренесуваат регионалните медиуми.
Деск

