Тетовската клиничка болница ќе влезе во голем процес на реконструкција и модернизација, во рамки на инвестиција проценета на околу 74 милиони евра, соопшти министерот за здравство Азир Алу.
Проектот предвидува целосно обновување на постојните болнички капацитети, како и изградба на нови објекти со цел подобрување на здравствените услуги во Полошкиот регион. Според најавите, реконструкцијата ќе опфати модернизација на одделите, подобрување на инфраструктурата и набавка на современа медицинска опрема.
Покрај санацијата на старите објекти, планирано е и функционално поврзување на различните делови од болничкиот комплекс преку затворени коридори, со што би се олеснило движењето на пациентите и медицинскиот персонал. Во рамки на проектот се предвидува и изградба на две нови згради.
Алиу посочува дека целта е создавање современ и интегриран болнички центар, кој ќе ги намали потребите пациентите да се упатуваат кон Скопје за специјалистички услуги.
Проектот се најавува како една од поголемите инвестиции во здравствениот систем во западниот дел на државата, а неговата реализација ќе зависи од динамиката на финансирање и спроведување на тендерските постапки.
Со реконструкцијата се очекува значително подобрување на условите за лекување, како и зголемување на капацитетите на болницата, која со години се соочува со проблеми поврзани со застарена инфраструктура и недостиг на современа опрема.
Деск

