На 2 мај 2026 година околу 18 часот во Градско, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 41-годишен жител на Вевчани, поради сериозни прекршувања во сообраќајот.
Како што информира МВР, при радарска контрола на автопатот Неготино – Градско било утврдено дека лицето управувало патничко возило „БМВ“ со вевчански регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час. Возачот не застанал на даден знак од полициските службеници и продолжил со движење.
По преземени мерки, возилото и возачот биле пронајдени, по што, по насоки од јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
Next Article ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ВЕЛЕС

