Основниот суд Кавадарци изрече мерка задолжително психијатриско лекување за 30-годишната државјанка на Хрватска, која во алкохолизирана состојба го нападнала својот сопруг со нож во Кавадарци.
Според информациите од надлежните институции, инцидентот се случил по претходна расправија меѓу сопружниците. Жената, која имала високо ниво на алкохол во крвта, му нанела на сопругот повеќе повреди, вклучително и убодни рани во пределот на рамото, како и гребаници по телото, а повредениот бил згрижен и не се наоѓаше во животна опасност.
-На 25 јануари, утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото, соопштија од обвинителството набргу по настанот.
По преземените истражни дејствија, против осомничената била поведена постапка за кривично дело поврзано со семејно насилство и нанесување телесни повреди. Сепак, судот, врз основа на наодите и мислењата на вештите лица, донел одлука наместо казна да ѝ изрече мерка задолжително психијатриско лекување. Жената е испратена на лекување во психијатриската болница „Негорци“ во Гевгелија.
Ваквата мерка се применува во случаи кога постои сомневање за психичка состојба што влијаела врз однесувањето на сторителот, со цел да се обезбеди соодветен третман и да се спречат идни инциденти.
Деск
КАВАДАРЕЧКИОТ СУД ЈА ИСПРАТИ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ЖЕНАТА КОЈА ПИЈАНА ГО НАПАДНА СОПРУГОТ СО НОЖ
2 Mins Read
Next Article ЈАНКА И ГОЦЕ, ПРИКАЗНА ПОМЕЃУ ЉУБОВТА И БОРБАТА

