Нов инцидент деновиве се случил во скопската Зоолошка градина, кога деца мавале со камења кон нилскиот коњ. Видео од настанот објави Инфомакс.мк, кое го доставиле згрижени граѓани, појаснувајќи дека и покрај опомените, децата продолжиле со мавање, но и со плукање кон животните.
Ваквите постапки не само што можат да ги повредат животните, туку и ја нарушуваат нивната благосостојба и мир, а случајот повторно ја отвора темата за недостигот на емпатија и воспитување кај дел од најмладите посетители, како и потребата од засилена едукација за почитување на животните.
Како потсетување, сличен настан имаше пред неколку недели, кога мета на ученици беше слоницата во Скопје ЗОО. И тогаш јавноста остро реагираше, изразувајќи гнев и разочарување, и нагласувајќи дека ваквото однесување е неприфатливо и загрижувачко.
Деск
ДЕЦА ФРЛАЛЕ КАМЕЊА КОН НИЛСКИОТ КОЊ ВО СКОПЈЕ ЗОО: КАДЕ СЕ ИЗГУБИ ЕМПАТИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО?
1 Min Read
Previous ArticleЈАНКА И ГОЦЕ, ПРИКАЗНА ПОМЕЃУ ЉУБОВТА И БОРБАТА

