Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков денеска е пуштен на условен отпуст од затворот во Штип, каде што ја издржуваше казната за случајот поврзан со настаните од 27 април 2017.
Според информациите, Чавков ја напуштил казнено-поправната установа во утринските часови, откако му бил одобрен условен отпуст согласно важечките законски одредби. Тој беше осуден на затворска казна од 18 години, која подоцна беше намалена на 16 години, по пресудите за неговата улога во настаните во Собранието.
Случајот „27 април“ се однесува на упадот во Собранието во 2017 година, кога беа повредени повеќе пратеници и новинари, а настанот остави длабоки политички и институционални последици во земјата.
Условниот отпуст, според законската рамка, се одобрува на осудени лица кои издржале значителен дел од казната и покажале добро однесување за време на издржувањето. Во изминатиот период, повеќе осудени во истиот предмет веќе добија ваква можност.
Деск

